Coca-Cola трка на Дедомразовци за забава и здрав живот

Промоција на активниот животен стилВо пресрет на Новогодишните и Божиќните празнувања, Пивара Скопје и Градот Скопје ја организираа трката на Дедомразовци во која учестваа над 500 луѓе од најразлична возраст. Целта на трката е низ забава да се промовира важноста од активниот животен стил и постигнувањето баланс помеѓу внесените и потрошените калории.
„Им честитаме на сите Дедомразовци кои учествуваа во трката. Тие се вистински победници од кои сите ние можеме да научиме и да се охрабриме како да постигнеме енергетски баланс меѓу она што го внесуваме во нашето тело преку храната и пијалаците и она што го трошиме преку физичката активност, неопходна за одржување на доброто здравје“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје Александар Ружевиќ, искажувајќи задоволство што целите за кои се организираше оваа предновогодишна трка се совпаѓаат со основните принципи и вредности за кои се залага Пивара Скопје.

Трката имаше и филантропски карактер. Средствата што беа собрани од котизацијата за учество ќе бидат наменети за изградба на активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за фитнес и вежбање на отворено.
„Се надевам дека на ваков начин сите ние заеднички ќе ги инспирараме сите луѓе да почнат да ги менуваат своите навики кои ќе им овозможат да постигнат совршен баланс во современиот ритам на живеење кој ќе ни донесе повеќе здравје и радости на сите нас и на идните генерации“, потенцираше Ружевиќ.

Инаку, задачата на учесниците во трката кои симболично беа облечени во Дедомразовски костими беше да ја истрчаат трасата долга 1,6 киломтери што почнуваше од плоштадот „Филип II”, а заврши во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје. За оние учесници кои први ја поминаа целта беа предвидени симболични награди, медали и благодарници, а за сите учесници и посeтители беше организирана и соодветна забавна програма.Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празнувања, Пивара Скопје и Градот Скопје ја организираа трката на Дедомразовци во која учестваа над 500 лу

Пронајдете не на следниве мрежи: