Цртежот на Трамп со вредност од над 10 илјади евра

“Julien’s” наведува дека цртежот со потпис на Трамп првпат бил продаден за помалку од 85 евра.Скицата на познатата њујоршка зграда Емпаер Стејт Билдинг, кој ја нацртал претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе биде понудена на аукцијата во Лос Анџелес. 
Приказот на познатиот облакодер на хартија, Трамп го нацртал со црн маркер во 1995 година за добротворната аукција на Флорида, во време додека неговиот имот Mar-a-Lago бил отворен како приватен клуб, соопштува аукциската куќа “Julien’s”.

Оттаму наведуваат дека цртежот со потписот на Трамп првпат бил продаден за помалку од 85 евра, но дека неговата вредност сега се проценува на помеѓу 6.770 и 10.150 евра.
Делото на Трамп ќе биде понудено на аукција во Лос Анџелес и по пат на интернет на 19 октомври оваа година.
Емпаер Стејт Билдинг, облакодерот со 102 ката бил највисоката зграда на светот од 1931 година до 1970 година, кога била завршена првата кула на Светскиот трговски центар.Скицата на познатата њујоршка зграда Емпаер Стејт Билдинг, кој ја нацртал претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе биде понудена на аукцијата во Лос

Пронајдете не на следниве мрежи: