Цуцуловски: Интересно би било да се чуе дали оние кои се на власт и кои на коџабашиски начин владеат со Собранието и со РМ воопшто

Статус на Цуцуловски за актуелните случувања во Македонија и начинот на владеење на новата власт.Во продолжение во целост го пренесуваме статусот:
 
ИНТЕРЕСНО БИ БИЛО. Интересно би било да се чуе дали оние кои се на власт (сеедно како дошле) и кои на коџабашиски начин владеат со Собранието и со РМ воопшто, како да се тие, во најмала рака, нивно лично кметство/прчија да кажат дали би дозволиле некои други пратеници на ист начин да се дограбат до власт, како што тие се дограбија. Тоа значи: да се соберат во Собранието или на некое друго (може и во кафуле!); да го овластат највозрасниот пратеник од нивната група да ја води седницата („седницата“); да изберат нов претседател на Собранието, кој ќе закаже нова собраниска седница, со која новоизбраниот ќе раководи и на која ќе се дозволуваат (или нема да се дозволуваат) реплики, онака како што сега се практикува. Наедно, би било интересно да се чуе мислењето на политичарите, граѓаните, политикантите,политичките партии, полуполитичките партии, парапартиите, НВО-та итн, кои сметаат дека на 27.04.2017. (пред да дојде до насилното влегување на маса граѓани во Собранието) сè било во ред и дека немало никаква узурпација. Ако било сè во ред, дали истото би го дозволиле и на другите? Ако тоа не би го дозволиле, дали некогаш чуле за елементарното морално правило, според кое она што самиот си го дозволуваш, треба и на другите да им го дозволуваш, меѓутоа не затоа што треба да манифестираш толерантност кон другите, туку затоа што овој етички принцип е темелот на секоја демократија? Понатаму, ако тоа не би го дозволиле, дали не би го дозволиле затоа што сметаат дека таков начин на доаѓање на власт е нелегален? Ако е нелегален, зошто си го дозволиле? Конечно, дали некогаш чуле дека демократијата не е во слободата слободно да се говори и слободно да се дејствува само за тие што исто мислат, туку, пред сè, за оние кои различно мислат. На ова предупредувала уште Роза Луксембург, во 1903 година. Дали тоа значи дека Република Македонија, во историска и демократска смисла, е под нивото на 1903-та.?

Прашањата ги поставувам онака, од пуста љубопитност. Прашувам колку да прашам. Таман работа, моите прашања да имаат и друга намера – некого морално, демократски, законски или на кој било друг начин да дискредитираат. Згора било!

 
Во продолжение во целост го пренесуваме статусот:
 
ИНТЕРЕСНО БИ БИЛО. Интересно би било да се чуе дали оние кои се на власт (

Пронајдете не на следниве мрежи: