четврток, 12 ноември 2026
Најново

Цуцуловски: Заев го подели членството на СДСМ до крајни граници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Господинот Заев веднаш, без одлагање, да биде избран за почесен претседател на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи му успеа СДСМ целосно да го дезориентира, а членството да го подели до крајни граници, предлага на својот ФБ профил професорот Љубомир Цуцуловски.-Промената на ставовите, зачудвачките персонални промени, збунувачките коалиции, бесмислените и небулозни предлози за промена на Уставот сосема ја обезличија партијата. СДСМ, како политичка партија, практично веќе не постои, освен што постојат неговите членови и симпатизери. Меѓутоа, членството и симпатизерите, сами по себе, не прават партија, бидејќи секоја политичка партија претставува организирана институција, со своја структура, со свои јасно дефинирани програмски цели и која, токму затоа, точно знае што сака. Така, се доаѓа до крајно парадоксална ситуација: постојат членство и симпатизери, но не постои она кое се симпатизира и во кое се членува – партијата, односно СДСМ, пишува Цуцуловски.
Од друга страна, нагласува Цуцуловски, ВМРО-ДПМНЕ просто заплашува со својата цврста организираност, со ултимативното спроведување на централните одлуки, со широко разгранета партиска инфаструктура и безрезервна верност кон лидерот.

-Едноставно, ВМРО-ДПМНЕ функционира според сите правила на илегална партија, односно на партија која како да се наоѓа во илегала. Оттука, нејзината моќ е запрепастувачки голема: таа е партија на власт (значи, во свои раце ги има сите легални механизми), а дејствува како да е во илегала. Од друга страна, го имаме СДСМ, кој сака да дојде на власт, само што не постои. Токму затоа, г. Заев веднаш треба да биде примен во ВМРО-ДПМНЕ, за да може СДСМ да се возобнови како вистинска и активна, а не само како замислена партија. Притоа, возобновувањето на СДСМ е нужен услов за да има избори, зошто не се можни вистински избори без постоење на стварна и моќна опозиција, пишува Цуцуловски.-Промената на ставовите, зачудвачките персонални промени, збунувачките коалиции, бесмислените и небулозни предлози за промена на Уставот сосема ја

Поврзани вести