Чуда на технологијата за кои не сте знаеле дека постојат

Во поглед на технолошките достигнувања се уште не сме во рангот на Ѕвездени патеки, но откако ќе ги прочитате овие чуда на модерната технологија ќе се сложите и дека не сме ни премногу далеку..
Не станува збор за телепортација или меѓупланетарни патувања, но сепак се постигнувања кои е вредно да ги знаете, поради тоа што вистински се неверојатни.
Наноматеријали
Еден ден, луѓето што живеат до море би можеле да имаат лесно достапна и многу евтина вода за пиење. Материјалот од нано влакна е исклучително тенок (помалку од 100 нанометри) и е многу ефикасен како филтер, особено за морската сол, бидејќи солта е преголема за да помине низ него.
Микрофлуиден чип
Овој уред кој ќе се движи низ нашиот крвоток, би требало да помогне во лечење на ракот. Тој на себе ќе ги привлекува клетките на канцерот, кои потоа би можело да се извади за тие да се проучуваат.

 
Чување на податоците во човечката ДНК
Група научници успеаја складираат податоци во човечка ДНК и тоа аудио клип од говорот на Мартин Лутер Кинг, фотографија, копија од научните дела на Франсис Крик и Џејмс Ватсон, како и Шекспировите сонати. Подоцна тие ги вратиле податоците со 99,9 проценти точност.
Д-Метонин
Д-Метонин би можел да помогне во заштита на слухот при голема бука. Во прашање е превентивна мерка, но вистински спас за луѓето кои работат во бучна средина, а всушност е таблета која ќе ги заштити нивните уши од неподносливата бука.
Повеќе на GSM.MK

Пронајдете не на следниве мрежи: