Чудните постапки на мажите, што жените никогаш нема да ги разберат?!

Во тестовите за личност, најголем дел од мажите за себе ги одбираат придавките: храбар, натпреварувачки расположен, способен, доминантен, самоуверен, ценет и практичен. Од истата листа жените одбираат: топли, полни со љубов, великодушни, сочувствителни, привлечни, пријателски расположени и дарежливи.Толку спротивни, а сепак не можат едни без други. Велат – спротивностите се привлекуваат. Но, дали истите и нè оддалечуваат?! Колку сте подготвени да ги прифатите разликите и некои постапки на мажите и да се носите со истите? Дали треба да се борите да им ги промените закоравените навики? Тоа зависи од самите вас, вашата личност и карактер… И, секако, љубовта која ја чувствувате кон вашиот партнер.
Мажите во принцип имаат чудни навики кои нам ни се несфатливи и сосема нè иритираат. 
Зошто им е толку тешко да го изговорат зборчето „извини“? Секако, за нив, тоа би значело дека не се во право и дека ја прифаќаат одговорноста за сè што тргнало наопаку во врската или во животот. Колку повеќе се свесни дека не се во право, толку им е потешко да се извинат. Впрочем, некои од мажите сè уште живеат во времето кога нивниот дедо или татко не морал да дава објаснувања и да и` се извинува на својата жена.
 
Зошто повеќе сакаат да  следат натпревари во машко друштво? Зарем ние жените не знаеме, исто така, бурно да навиваме како нив? Секако дека знаеме! Несфатливо ни е и зошто повеќе ги помнат работите врзани со спортот, отколку она што ние вчера сме им го кажале. Нивната врска со спортот е далеку подолга од која било друга врска, а ние жените понекогаш знаеме да кажуваме и долги приказни. Па кој би запомнил деталите, нели?

 
Што имаат против нашите пријатели? Зошто не им се допаѓаат? Во суштина, жените имаат повеќе пријатели од мажите, а ним тоа им е несфатливо, бидејќи доволни им се само двајца искрени пријатели со кои изградиле пријателски однос во текот на низа години наназад. Но, тоа и не значи секогаш дека не им се допаѓаат нашите пријатели, само сакаат да ни дадат до знаење дека тие не ги сметаат и за свои искрени пријатели.

 
Зошто мајката им е на прво место и не сакаат да слушнат лош збор за неа? Мајката зазема посебно место во нивниот живот. За нив таа е светица и жена која отсекогаш се грижела за своето дете. Ниеден маж не сака да слушне како една жена зборува лошо за другата жена која исто толку му значи. Па затоа најдобро е да се воздржите од негативни коментари за неговата мајка, дури и кога премногу се меша во вашата врска. Едноставно – избирајте зборови за ниеден од вас да не биде повреден.

Зошто секогаш нè  прашуваат каде им се работите кога знаат дека никој друг, освен нив, не ги допрел? Тоа е едноставно – машка работа! Секогаш ќе ве прашуваат каде ги оставиле клучевите или паричникот, без разлика што се на масата пред нив.
Зошто инсистираат на секс кога гледаат дека сме лошо расположени? Сексот за нив е лек за сите проблеми и антидепресив, па претпоставуваат дека истото важи и кај жените. Тие не се себични, само сакаат да помогнат, секако, на начин кој ќе резултира со обострано задоволство.

Зошто се вртат по други девојки кога се со нас и ги одмеруваат „од глава до пети“?  Не е дека ви браниме да гледате други девојки и ви ги врзуваме очите. Па и нам ни се има случено да „фрлиме поглед“ на некој симпатичен дечко со кој сме се разминале случајно, но НЕ пред вас. Да, очите служат за гледање, но не правете го тоа пред нас и воздржете се од коментарите наменети за „долгоногата бринета“. Чувајте ги за пред вашите другари.
Има уште многу ЗАШТО и исто толку ЗАТОА!  Посилниот пол вели дека ќе ги разбереме кога тие ќе не разберат нас! Останува да чекаме и да видме кој кого прв ќе разбере.
И за крај: Зошто мажите намерно ги нервираат жените? – За да проверат на што се!Толку спротивни, а сепак не можат едни без други. Велат – спротивностите се привлекуваат. Но, дали истите и нè оддалечуваат?! Колку ст

Пронајдете не на следниве мрежи: