Чумата однесе 40 човечки животи на Мадагаскар

Од крајот на август до денеска на Мадагаскар регистрирани се 119 заболени од чума, соопшти Светската здравствена организација.ЗО предупредува дека има опасност епидемијата брзо да се прошири во главниот град на Мадагаскар, Антананариву поради густата населеност и слабиот здравствен систем. Во Антананариву регистрирани се двајца пациенти, од кој едниот починал. Досега е регистрирано дека 40 лица починале од оваа болест.
Чумата е бактериолошка инфекција, која се пренесува преку болви. Лицата каснати од болви се заразуваат од чума, која ги напаѓа лимфните јазли, а се лекува со антибиотици. Ако бактеријата доспее до белите дробови, кај пациентот се развива белодробна чума која се пренесува од човек на човек преку воздух. Чумата е една од најсмртоносните инфективни болести и може да убие човек за 24 часа.
– Два проценти од регистрираните пациенти на Мадагаскар имале белодробна чума, истакнува СЗО.
Во соопштението се истакнува дека ситуацијата на Мадагаскар е усложнета поради високата резистентност на делтаметрин, инсектицид кој се користи против болви.ЗО предупредува дека има опасност епидемијата брзо да се прошири во главниот град на Мадагаскар, Антананариву поради густата населеност и слабиот з

Пронајдете не на следниве мрежи: