Чувствувате ли дека животот лета покрај вас? Еве како да го забавите времето!

„Немам време, не можам ништо да постигнам, имам чувство дека времето е забрзано, одморот ми мина за миг, додека да трепнам ќе дојде и Нова година…“Ова веројатно го слушате секој ден, можеби и го изговарате, бидејќи животот протекува толку брзо, што ни се чини дека ништо не можеме да постигнеме, а слободното време стана поголем луксуз и од парите. Затоа е тешко денес да се вклопат работните и семејните обврски, бидејќи некоја страна мора да трпи, а времето за опуштање речиси и никој го нема.
Според статистиките најнезадоволни се жените кои се факултетски образовани и вработени меѓу 25 и 45 години. Дури и кога имаат добра плата, незадоволни се во животот заради секојдневниот притисок поврзан со работата, куќата, децата, родителите, браќата и сестрите…Како да се излезе од тој круг и да се поедностави животот?
Ред во куќата: Кога се е уредно и на своето место, полесно се снаоѓате во просторот. Експертите велат дека луѓето што живеат во повалкана средина се чувствуваат лошо и ништо не постигнуваат. Најважно од се е да не ги оставате техничките уреди насекаде низ куќата, а исто така намалете и со социјалните мрежи. Ништо лошо нема да ви се случи ако ве нема недела дена на Фејсбук, Твитер, Инстаграм да коментирате и „лајкувате“. Дајте му предност на вистинскиот свет наместо на виртуелниот и ќе се чувствувате како господар на својот живот.
На работното место сконцентрирајте се и работете наместо да разговарате со колегите, бидејќи така ќе правите помалку грешки и ќе работите побрзо.
Купувајте го во маркетите само она што ви треба, и заради што сте дојдени, наместо уморни по работа да разгледувате меѓу рафтовите.
Исфрлете ја од глава реченицата „морам да го направам тоа“, и ако нешто морате, веднаш направете го без одложување. Колку повеќе го растеретите мозокот од информации, толку побрзо и подобро ќе ги извршувате сите обврски.
Планирање: Важно е да знаете точно колку време ви е потребно за секоја обврска, почнувајќи од припремањето за излегување од дома. Секој ден правете список на обврски во три реда: Во првиот запишете го она што морате да го сторите денеска (најмногу три), во вториот ставете го она што би требало да го направите овие денови, а во третиот ставете ги оние кои ви стојат „во позадина“ и чекаат да ги реализирате. Се што ќе направите, веднаш пречкртајте. Навечер погледнете го потсетникот и направете нов за наредниот ден.
Меѓу секој состанок или дневни овврски што подразбираат гледање со пријателите, оставете си простор од 15 до 30 минути, за да имате време нешто да изедете, да испиете кафе или да се изборите со ненадејната гужва во сообраќајот и проблемите на работа.Ова веројатно го слушате секој ден, можеби и го изговарате, бидејќи животот протекува толку брзо, што ни се чини дека ништо не можеме да постигнеме

Пронајдете не на следниве мрежи: