Цветковски: Агонијата на кумановци продолжува

Куманово повторно е најзагаден град во Европа и град со најтивок и најнеодговорен градоначалник, изјави на денешната прес конференција Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
 Никаде го нема Зоран Дамјановски да каже зошто тој и СДСМ цели 27 години ништо не презеле во Куманово, за да се справат со овој проблем
-Агонијата на кумановци продолжува. Загадувањето во Куманово е 7 пати над максималната граница. Денеска во 13 часот беа измерени 338 мг/м3 од ПМ 10 честичките, а максимално дозволената граница е 50 мг на м3. Со месеци никаде ги нема НВО платени од СДСМ и Сорос кои се интересираат за проблематиката со воздухот, само кога е во политички интерес на СДСМ и Сорос. Во дадениот случај бидејќи загадувањето е во град чија власт е од СДСМ, НВО платениците воопшто не се заинтересирани за кумановци, ги нема со реакција ниту Зоран Заев  ниту Оливер Спасовски, вели Цветковски.
Ова, вели тој, покажува дека СДСМ нема план и програма за загадувањето затоа што режимот на СДСМ во Куманово трае цели 27 години, а градот е најзагаденото место во Европа.Никаде го нема Зоран Дамјановски да каже зошто тој и СДСМ цели 27 години ништо не презеле во Куманово, за да се справат со овој проблем
-Аг

Пронајдете не на следниве мрежи: