Cyrillic со нов ремикс на „Кога сонце грее плачам”!

После летниот хит, ремиксот на “Сара Мејс – Денот да е убав”, електронското дуо Cyrillic  повторно со нов ремикс овој пат на “Кога сонце грее плачам”,  песна оригинално изведена од  Ламбе Алабаковски и Бубе Најдановска, на која и даваат нова димензија во нивен веќе препознатлив стил.Инаку електронското дуо „Сирилик“ (Cyrillic)  во својот состав ги има младите  талентирани браќа  Андреј Иваноски и Бојан Иваноски, почетоците ги бележи во 2014 година кога двајцата решаваат да ги здружат своите сили и искуство за да ја споделат со светот својата пасија кон електронската музика. Препознатливи се по нивниот уникатен стил на продукција и енергични сетови, со што доста цврсто и ветувачки се движат кон остварување на нивната цел (како што кажува и самото име на групата),  да бидат преродбеници во ширењето на „писменоста“ во поглед на разбирањето и прифаќањето на овој вид музика на овие простори.

Доколку сакате да ја слушате нивната музика и да бидете во тек со сите настани поврзани со нив посетете ги овие линкови:
https://www.facebook.com/cyrillicmk

https://www.youtube.com/cyrillicmk

https://twitter.com/cyrillicmkИнаку електронското дуо „Сирилик“ (Cyrillic)  во својот состав ги има младите  талентирани браќа  Андреј Иваноски и Боја

Пронајдете не на следниве мрежи: