Cyrillic со нов ремикс на Сара Мејс – Денот да е убав

Електронското дуо Cyrillic, во својот состав ги има младите и талентирани Андреј Иваноски и Бојан Иваноски (Dj Afro).Ова дуо почетоците ги бележи во 2014 година, кога двајцата решаваат да ги здружат своите сили и искуство за да ја споделат со светот својата пасија кон електронската музика.
Препознатливи се по нивниот уникатен стил и енергични сетови. Продуцираат своја авторска музика и доста цврсто и ветувачки се движат кон остварување на нивната цел (како што и самото име на групата кажува), да бидат преродбеници во ширењето на „писменоста“ во поглед на разбирањето и прифаќањето на овој вид музика на овие простори.
Денеска го издаваат ремиксот на Сара Мејс – Денот да е убав, со кој му даваат нова димензија на нејзиниот сингл.
Покрај овај ремикс имаат издадено и ремикс на Bang La Decks – Zouka (Cyrillic remix), при што неуморно работат на продукциски план, а наскоро се очекуваат уште неколку нови траки.
За да бидете во можност да го следите нивниот прогрес и доколку сакате да ја слушнете нивната музика, посетете ја оваа страница на Фејсбук или нивниот профил на Саундклауд.
Ова дуо почетоците ги бележи во 2014 година, кога двајцата решаваат да ги здружат своите сили и искуство за да ја споделат со светот својата пасија

Пронајдете не на следниве мрежи: