Да работиш и да живееш во Катар…

Во Катар не можете да се доселите како што можете во Австралија, Канада или САД – овде можете да дојдете и да работите извесно време и само додека работите и заработувате ќе имате од што да живеете. Не постои начин или можност да добиете пасош, социјална или каква било друга помош од државата ако не сте жител на Катар. Постојат приватни училишта и лекарски ординации за оние кои не се жители на Катар, но сето тоа има многу висока цена. Од друга страна, за жителите на Катар, постојат и пензии и социјално осигурување. 
Државата Катар не им нуди многу на странските работници, а сè тече преку спонзор-комании кои гарантираат за вас пред државните органи. Ако спонзорот е добар, релативно брзо ќе добиете дозвола за престој и лична карта со важење од една година. За воопшто да можете да влезете во Катар потребна ви е виза за која спонзорот доставува барање. На аеродромот од каде што полетувате за Доха морате да покажете испечатена копија од визата на шалтерот на „Катар Ервејз“, а секако и на аеродромот во Доха каде што ќе ве пречека строга проверка.
За да го прочитате тестот во целост, кликнете тукаВо Катар не можете да се доселите како што можете во Австралија, Канада или САД – овде можете да дојдете и да работите

Пронајдете не на следниве мрежи: