Да се потсетиме кој е Села: Ќе ја земеме говорницата, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме

Loading...

Револтиран, Зијадин Села, пратеник на ДПА се закани во Комисијата за труд и социјална политика.„Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме.“, со овие зборови им се обрати на колегите од ДУИ.
Седницата на комисијата, на која на дневен ред е Законот за бранители беше прекината, бидејќи и покрај изгласаната одлука за ограничување на дискусиите , Села  одби да го прекине своето обраќање побарано како процедурална забелешка откако ги надмина предвидените три минути.
Тој  рече дека не ја почитува одлуката на Комисијата истакнувајќи дека на тој начин им се ограничува правото на збор на пратениците Албанци.
Пратениците ги изгласаа ограничувањата за обраќањата на пратениците според препораките содржани во писмото што претседателот на Собранието го упати до Комисијата и до пратеничката група на ДУИ. Подоцна беше изгласано и ограничување на времетраењето на процедуралните забелешки бидејќи за време на седницата пратениците од ДУИ и од ДПА се обидоа со ова да ја блокираат и одолговлечат работата.
Цветанка Иванова, претседател на Комисијата, истакна дека се прави обид за повторна блокада на работата на ова собраниско тело и дека тоа го прават ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од претседателот на Собранието. Иванова беше децидна дека нема да дозволи да се направи повторно блокирање на работата на Комисијата.„Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорниц

loading...