Џабе бистриш политика, ако не ги знаеш твоите гласачки права

Станарите од петкатната зграда број 37 на улица Скопска имаа закажан куќен совет на 05.11.2016. Сите станари сакаа подобри услови во заедничкото живеење во зградата. Станарите од петтиот кат се жалат дека им прокиснал кровот од поројните дождови и навлегла влага во домовите.Ѕидовите им пожолтеле и не се чувствуваат пријатно да живеат во мувла.  Други станари се жалат дека многу често се расипувал лифтот и не се задоволни од сервисот кој не го отстранува трајно дефектот во моторот. Еден од соседите е лут дека станарите не ja заклучуваат вратата од влезот, па се случило да му го украдат новиот велосипед и сега бара да се постави нов безбедносен систем. На многумина им пречи кога нема светло, но сакаат и да се варосаат ѕидовите во влезот.
Но, на закажаниот куќен совет, дојдоа само половина од станарите, немаше кворум и ништо не се одлучи. И тоа токму тие кои се жалеа предходно не дојдоа на состанокот. Можеби сте посведочиле на иста ситуација доколку живеете во зграда. Впрочем, сигурно сте посведочиле на слична ситуација кога луѓе чиј заеднички интерес бил побргу да се договорат и да донесат некое решение, едноставно не успеваат да се соберат и да го сторат тоа.
Некогаш ваквите ситуации во кои ќе се најдете решаваат мали прашања, некогаш големи, а некогаш од животно значење! Но, остварувањето на фер и демократски избори е животно прашање за сите, барем во наредните 4 години. Гласањето е тајно, секој гласа по сопствено убедување, а ако постои нарушување на ова демократско право треба да се пријави нерегуларност во ДИК на бесплатниот телефон 0800 555 44. Провери ги своите гласачки права на www.sec.mk, но и споделувајте информации и коментари на социјалните мрежи. Ѕидовите им пожолтеле и не се чувствуваат пријатно да живеат во мувла.  Други станари се жалат дека многу често се расипувал лифтот и не се за

Пронајдете не на следниве мрежи: