Дадилките на Бред и Џоли откриваат: „Во куќата е лудница! Нивниот 9-годишен син лока вино и вози автомобил“

Loading...

И покрај бурниот начин на живот Анџелина Џоли и Бред Пит секогаш истакнувале дека се посветени и грижливи родители, а во сето тоа ја имале помошта од шесте дадилки, по една за секое дете, личен готвач и учител. Сепак, не било се така сјајно.Славниот пар има три посвоени и три биолошки деца. Тие никогаш се посетувале редовно училиште, освен Медокс за кој Анџелина изјавила дека има многу висок IQ. Но, и самиот Бред во една прилика истакнал дека атмосферата во нивниот дом е налик сцена од филм која се игра во ментална установа.
-Така изгледа утрото во нашиот дом. Хаос од утро додека светлата не се изгаснат, а некогаш и после тоа. Го тепам децата на дневна база, а исто така и ги изгладнувам. Се чини дека трикот запали,  изјавил Бред во 2011 година, обидувајќи се сето тоа да изгледа како шега. Но, после разноразните валкани муабети кои излегоа последниве денови веќе никој не е сигурен дали бил сериозен или се шегивал. Бидејќи ако може да и се верува на Џоли, Бред бил се, само не добар татко.
Сепак, неколку поранешни дадилки откриваат детали од животот на славното семејство. Една од нив, која инсистирала на анонимност за магазинот „In Touch“ изјавила дека децата постојано се караат и пцујат, а дека особено Медокс и Пакс имаат лоши особини.
Таа изјавила дека Медокс кој тогаш имал 9 години, пиел вино и возел автомобил по нивниот имот. Открила и дека децата повеќе го слушаат Бред, но и покрај тоа се непослушни.
-Тие немаат никаква контрола над децата. Среде ноќ трчаат по ходници, ги будат родителите и се обидуваат да им влезат во креветот, раскажала дадилката…

 
Други извори потврдуваат дека воспитувањето на децата е голем проблем во нивното семејство, Бред повеќе викал и се обидувал да ги дисциплинира додека неговата сопруга никогаш не го подигнувала гласот.
Нивната ќерка Шајло се облекува како машко од својата трета година, а родителите во тоа ја поддржуваат. Бред во една изјава истакна дека таа бара од нив да ја викаат Џон.
Медокс е фасциниран од оружје и боречки вештини.
-Многу е заинтересира за војни и пиштоли. За Денот на мајките ми нацрта пушка, а Бред направи ланче по пример на тој цртеж, што е баш слатко и симпатично, гордо изјави Џоли пред шест години.
Децата не знаат за стабилност и дом бидејќи нивното семејство постојано се сели и патува. Освен куќата во Лос Анџелес, имаат имот во Њу Орлеанс и Франција кои често ги посетуваат, изнајмена куќа во Лондон, а често се сместуваат и во хотели. Бред и Анџелина честопати ги оставале децата со дадилките за да може некое време да поминат сами.
 
 Славниот пар има три посвоени и три биолошки деца. Тие никогаш се посетувале редовно училиште, освен Медокс за кој Анџелина изјавила дека има многу

loading...
Loading...