Дали гумите за џвакање помагаат во согорувањето на калориите?

Луѓето најчесто џвакаат гуми за џвакање за да го намалат апетитот, од досада, или за да го освежат здивот. Но, дали оваа навика помага и во согорувањето на калориите?Колку калории има една мастика? Во гумите за џвакање без шеќер има меѓу две и пет калории. Тоа се меѓу 1300 и 3400 калории годишно, ако џвакаме по две на ден. Но, не грижете се, бидејќи со џвакањето согорувате повеќе калории отколку што внесувате.
Колку точно калории согоруваме со џвакањето мастики? Согоруваме 11 калории за еден час џвакање. Ако секој ден џвакате по четири часа, ќе согорите 308 калории за една недела, односно 1232 калории месечно, или 14.784 калории годишно.
Колкава е разликата во калориите меѓу  мастиките со шеќер и без? Оние со шеќер имаат 5 калории повеќе.
Дали гумите за џвакање се штетни за забите? Како што пишува едно списание, гумите за џвакање без шеќер не само што не се штетни за забите, туку се и корисни. Тие придонесуваат кон одржувањето на оралното здравје. Еден дел од гумата за џвакање може да отстрани и до 100 милиони бактерии од устата, за само 10 минути. Но, по 10 минути мастиката мора да се плукне, бидејќи во спротивно бактериите само се шетаат по устата.Колку калории има една мастика? Во гумите за џвакање без шеќер има меѓу две и пет калории. Тоа се меѓу 1300 и 3400 калории годишно, ако џвакаме по

Пронајдете не на следниве мрежи: