Дали конечно е пронајдена „таблетата на младоста“?

Група сибирски научници успешно ја тестирале таблетата на младоста, и тоа на себе, сметајќи дека ова ќе стане универзален лек за општата здравствена состојба.
Производот наречен Г5 се разработува како лек против цироза на црниот дроб. Сепак, се покажа дека површината на неговата примена е многу поширока. Засега е рано да се радуваме бидејќи сите поголеми испитувања тек претстојат, но и ова не е прв пат светската наука да известува за новото „откритие на векот.”
Сепак, научниците од Научниот Институт за истражување на Фармакологија се многу блиску до создавање на еден универзален лек против сите болести. Г5 или таблетата на младоста, како што ја нарекуваат новинарите, ја наведува коскената срж активно да произведува матични клетки, кои се неопходни за регенерација на заболените органи и ткива. Ефикасноста на производот веќе на себе ја провериле неколку научници.
Експериментот врз глувци покажа дека глодарите на кои не им бил даден овој препарат нагло остареле, за разлика од нивните „браќа” на кои им бил даден Г5 и кои живееле долго време и до последните денови биле активни и здрави.
Сепак, должината на човечкиот живот е многу поголема отколку на глувците. Затоа истражувачката дејност на препаратите за анти-стареење може да трае со децении.
Г5 има широк спектар на индикации: од стерилитет до болест на белите дробови.
Официјалните клинички испитувања на Г5 со учество на волонтери ќе започне во ноември. Тие се надеваат дека овие таблети во аптеките ќе можат да бидат достапни за неколку години.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Група сибирски научници успешно ја тестирале таблетата на младоста, и тоа на себе, сметајќи дека ова ќе стане универза

Пронајдете не на следниве мрежи: