Дали мистеријата за смртта на принцезата Дајана конечно ќе биде откриена?

Деновиве излезе нов детал за трагичната смрт на британската принцеза Дајана. Според новитетите поврзани со мистериозната смрт на принцезата и Мохамед ел Фајед, тие двајца не доживеале обична сообраќајна несреќа туку биде убиени. 
Истиот сомнеж го има и таткото на Мохамед ел Фајед кој тврди дека британското семејство не можело да дозволи принцезата по разводот со принцот Чарлс да биде со муслиман. 
Случaен доказСпоред наводите на британските медиуми, информацијата дека бивш војник е виновен за смртта на Леди Ди и Доди се појавила во текот на судењето на наредникот Дени Најтингејл, имено снајперист на специјалните воздушни сили (САС). Тој на воениот суд во септември 2011. година е осуден за нелегално држење пиштол и 338 куршуми во својата соба. Нејтингејл бил цимер со војник кој наводно ја убил Дајана, а во текот на неговото судење свекорот и свекрвата на тој неименуван војник испратиле писмо до судот во кое навеле дека нивниот зет рекол дека САС ја следел, па ја убил британската принцеза и на крај се се прикрило. Свекорот и свекрвата тврдат дека  нивниот зет сето тоа го раскажал на својата сопруга, нивната ќерка. Исто така, во писмото се спомнува и тајниот дневник на принцезата Дајана, кој ја потврдува нивната приказна.Тоа писмо е предадено на Скотланд Јард, кој навел дека се собираат деталите и се проценува релевантноста и кредибилитетот на наводот, но дека нема нова истрага за загинувањето на Дајана и Доди.Без коментарКралското семејство соопштило дека нема да ги коментира новите детали во врска со загинувањето на мајката на принцот Чарлс и Хари, а таткото на Доди вели дека ќе почека да види каков ќе биде епилогот.Имено, Доди ел Фајед и принцезата Дајана загинаа на 31 август 1997 година во Париз, во тунелот Pont de l‘Alma. Тие двајца последен пат се видени заедно кога излегувале од хотелот „Риц“ и влегле во „мерцедес С280“, после што нивното возило удрило во стуб во тунелот. Според податоците на официјалната истрага, несреќата се случила бидејќи нивниот возач Хенри Пол, кој исто така, загинал, бил пијан, па не успеал да го контролира возилото со кое се обидувал да побегне од папараците на мотори. Телохранителот Тревор Рис-Џонс, бил тешко повреден, но ја преживеал сообраќајката.Принцот Чарлс плaнирал атентатСмртта на британската принцеза до денес остана мистерија. Медиумите по нејзината смрт објавиле писмо кое го испратила на својот батлер десет дена пред трагедијата, во кое пишува дека нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, се обидува да ја убие. Исто така, се пишуваше дека за нејзиното загинување е одговорна тајната служба МИ5, но ништо од тоа не е докажано. Таткото на Доди Мохамед ел Фајед, ја изгуби правната битка  во 2001. година во обид да докаже дека неговиот син и Дајана се убиени.
Извор. ДневникСпоред новитетите поврзани со мистериозната смрт на принцезата и Мохамед ел Фајед, тие двајца не доживеале обична сообраќајна несреќа туку биде уби

Пронајдете не на следниве мрежи: