Дали производителите на смартфони останаа без креативност?

Поминаа повеќе од седум години откако Apple го претстави првиот iPhone и ги постави стандардите за тоа како треба да изгледа и што треба да нуди еден паметен телефонУште тогаш, Стив Џобс најави дека на конкуренцијата ќе и бидат потребни неколку години за да го достигнат она што го нуди iPhone. Денес речиси сите модели ги нудат истите опции и нема телефон кој драстично ќе отскокне од конкуренцијата. 
Business Insider пишува дека плафонот е достигнат со моделите како Samsung Galaxy S5 и HTC One, кои се одлични уреди но немаат некои карактеристики што ќе ги направат посебно вредни во однос на останатите модели.
Критичарите одат дотаму што велат дека иновациите на полето на паметните телефони, сега се во сериозен застој. Според пишувањето на Bussines insider, трите најдобри телефони на пазарот во моментот, iPhone 5S, Galaxy S5 и HTC One се „досадни“.
И корисниците и производителите се фокусирале на едноставните работи, а повеќето луѓе сакаат од својот смартфон да добијат поголем и поквалитетен екран, добра камера, добар дизајн и поголемо траење на батеријата.
повеќе на:GSM.mkУште тогаш, Стив Џобс најави дека на конкуренцијата ќе и бидат потребни неколку години за да го достигнат она што го нуди iPhone. Денес речиси сите

Пронајдете не на следниве мрежи: