Погледнете го трејлерот за најновиот епски филм со научно-фантастична тематика „Работ на Утрешнината“. Содржи се што може еден блокбастер да содржи: одлични визуелни ефекти, силна и содржински длабока приказна, како и Том Круз, кој е совршен за главната улога… Или пак можеби не повеќе?Се предвидува овој филм на својата премиера, закажана за 6ти Јуни, да заработи околу 25 милиони долари, што не може ниту да се спореди со буџетот од 125 милиони долари за истиот.
Сепак, компанијата Ворнер Брос, реши да стави поголем акцент на промоцијата на „Годзила“ отколку на „Работ на Утрешнината“. Оттука прашањето дали „Работ на Утрешнината“ ќе помине подобро кај публиката ако Шенинг татум или Бредли Купер ја толкуваа главната улога?
По 10-годишен период од слаби враќања на филмското платно, можно ли е Том Круз повеќе да не е водечки актер?
Во последнава деценија, само два филма на Том Круз успеале да заработат повеќе од 150 милиони долари: „Војна на Световите“ и „Невозможна Мисија – Духовен протокол“.
Круз играл и во филмови кои можеле да бидат блокбастери, како „Валкирија“, „Мрачен Витез и Ден (Knight and Day)“ и „Заборав“. Од овие само заработката на „Валкирија“ успеа да ја надмине сумата на буџетот.
Другите два забележале некаква заработка на странските пазари. Откако се воспостави како одличен водечки актер со филмовите „Топ Ган“, „Бојата ан Парите“ и „Дождливиот Човек“ во 80-тите, Том Круз стана еден од најбараните водечки актери во 90-тите години на минатиот век како и првите години на новиот век.
Неговите филмови буквално рутински заработувале повеќе од 100 милиони долари, па така по невообичаени филмови како „Очи Ширум Затворени“ лесно се провлекувале покрај некои како „Невозможна Мисија“. Но потоа нешто драстично се променило.
Се претпоставува дека тоа можеби се должи на впуштањето на Том Круз во скиентологијата за психијатриски лекови и терапии. За тоа во 2004 година тој изјави: „Ние сме властите на умот. Ние владееме со подобрувањето на неговите услови“. Ваквите ставови не поминуваат така лесно кај Американците, бидејќи најголемиот дел од нив скиентологијата ја сметаат за само уште еден холивудски култ.
Актерот на кој некогаш гледавме како на шармантен и пожелен маж, денес ни делува како вонземјанин. Неотповикливо е тоа дека Круз се уште има талент, но можеби неговото инсистирање да толкува главни водечки улоги функционира против него.Се предвидува овој филм на својата премиера, закажана за 6ти Јуни, да заработи околу 25 милиони долари, што не може ниту да се спор
Пронајдете не на следниве мрежи:



