Дали Роналдо ќе биде суспендиран?

Најдобриот играч на Реал Мадрид, португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо може да биде суспендиран поради навредите упатени кон главниот судија на саботното дерби против Барселона на „Камп Ноу“.Како што пренесуваат шпанските медиуми, доколку Дисциплинската комисија на лигата по разгледување на случајот утврди дека Португалецот упатил тешки навреди кон судијата Маленка, веројатно е дека ќе добие казна.
Каталонците го добија „Ел класико“ со 2:1, а Роналдо протестираше кај Маленка поради недосудениот пенал по дуелот со Маскерано во шестнаесетникот на Барселона.
При тоа напаѓачот на Реал видно изнервиран упатил неколку „тешки“ зборови кон судијата.Како што пренесуваат шпанските медиуми, доколку Дисциплинската комисија на лигата по разгледување на случајот утврди дека Португалецот упатил тешки

Пронајдете не на следниве мрежи: