Дали со црни пари се платени преку 70.000 албански гласови?

Loading...

Народот уште еднаш го потсетува СДСМ дека е покуса за одговорот на прашањето дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?Ако пред изборите прашувавме колку пари чини кампањата на СДСМ и кој сѐ ги финансира скапите партиски активности, освен невработените претставници на Шарената револуција кои се најдоа на избирачките листи, денеска, два дена по изборите, слободно може да се преформулира прашањето – со колку црни пари СДСМ ги купи албанските гласови, пишува Република.мк
Неофицијално, „Република“ има информации, но се слушаат и сѐ погласни гласни шпекулации дека СДСМ за еден глас плаќал од 10.000 до 30.000 денари, претежно во албанските средини во Скопско (Арачиново, Сарај, Студеничани, Чаир и др.) и Тетовско (Танушевци, Зајас и Шипковица), односно во изборните единици 1, 6 и 2.
 
Според официјалните податоци од гласачките места во околината на Скопје во средините што се населени со доминантно албанско население покажуваат дека значителен број етнички Албанци го дале својот глас за опозицијата. Вкупните процени се дека за опозициската партија гласале повеќе од 70.000 Албанци.
 
Простата математика кажува дека ако 70.000 гласови се искешираат со по 500 евра, само за албанските гласови СДСМ обезбедил преку 30 милиони евра, многу повеќе од парите предвидени и легални за кампања.
Дали таму каде што има чад има и оган со оглед на тоа што се шират информации дека на денот на изборниот молк, во саботата, Зоран Заев лично посетувал околу 20 албански села и населени места во Скопско и Кумановско и остварил средби со поранешни команданти на ОНА.
 
Начинот и изворите на финансирање на СДСМ сѐ повеќе се наметнува како сериозно прашање на кое ќе мора да одговори Зоран Заев по изборите. А изборите поминаа.
 
Едмонд Адеми, с. Ѓурѓевиште, Тетовско
Сомневањата дали Заев и СДСМ ја финансираа кампањата со легални или со црни пари наместо да се побијат по изборите во неделата стануваат сѐ погласни и сѐ позивесни.
 
Плакати на албански јазик во Дебар
 
Јавноста повеќе од сигурно е дека ќе се интересира како партијата која за кампањата пријави приходи од вкупно околу 840.000 евра (речиси 550.000 евра+290.000) обезбедени од донации и членарини, успева да води толку скапи партиски активности, да плати толку скапи рекламни спотови, пропаганден материјал печатен на два јазика. Пријавената сума е далеку под реалната која е потребна да се искешира за олкава активна кампања.  За илустрација, митинг како скопскиот или во друг поголем град чини од 100.000 до 200.000 евра. Бина, осветлување, озвучување, обезбедување, автобуси, пејачи, пропаганден материјал печатен на два јазика ја удвојува сумата потребна за пенкалца, локуми, летоци, плакати, но и двојни рекламни спотови на телевизиите.
Земајќи предвид дека СДСМ не отпстапува од идејата да ја протурка двојазичноста и федерализацијата по секоја цена, видеоспотовите и другата платена политичка програма се емитува на македонски и на албански јазик.
На тој начин не само што СДСМ беше презастапен на телевизиите, туку и сумата што ја изделува е двојна од сумата што ја плаќаат другите партии кои се рекламираат на еден јазик.
Реално, сумите од донациите на „шарени револуционери“ колку и да се високи за невработени лица како нив, сепак се само капка во морето пари потребни за да се плати скапиот проект.
 
Владимир Милчин, доскорешниот прв човек на СОРОС во Македонија, вчера е одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи
Оттука се наметнува прашањето – кој ја финансира кампањата на СДСМ со црни пари? Според интересите кои се застапуваат во програмата и кампањата на СДСМ, логично се наметнува прашањето дали зад сето тоа стојат Сорос, албанската дијаспора, фирмите на кланот Заеви, но и фондови од соседни земји и Блискиот Исток.
Во време кога целиот имот на партијата е заложен под хипотека за кредит од милион и шестотини илјади евра во Комерцијална банка, како што пишувавме во јули, СДСМ си дозволува скапа кампања.
Народот уште еднаш го потсетува СДСМ дека остана покус за одговорот на прашањето дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?
Си оглед на силната поддршка од Албанците за СДСМ кои во неделата доаѓаа организирано со автобуси и автомобили и од Косово, не е тешко да се заклучи дека наскоро Заев ќе треба да им испорача резултат од опасниот договор, за да ги задоволи нивните очекувања.
Во текот на кампањата Заев отворено зборуваше за воведување целосна двојазичност во Македонија, за промена на уставот, за редефинирање на земјата, а претставници од албанската дијаспора пак, потврдија дека со него разговарале за федерализација и кантонизација на Македонија.  Заев од Берн исто така го слушавме како ветува нов рамковен договор, повеќе права за Албанците и во исто време како лицитира со националните интереси во замена за гласови.
Народот уште еднаш го потсетува СДСМ дека е покуса за одговорот на прашањето дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?
 
Извор: Република.мкАко пред изборите прашувавме колку пари чини кампањата на СДСМ и кој сѐ ги финансира скапите партиски активности, освен невработените претставници

loading...