Дали Средношколскиот пленум ќе протестираат пред СДСМ или ќе кампуваат пред становите на Шекеринска?

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска најави дека кога тие ќе дојдат на власт учениците ќе учат повеќе математика и ќе треба да изучуваат повеќе странски јазици.-Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование, а фокусот ќе го ставиме на математичките и на јазичните вештитни кај децата, рече Шекеринска на својата прес конференција.
Средношколскиот Пленум пред година дена, особено во Куманово и Струмица, беа најгласните против полагањето на математика во државната матура. Тогаш тие излегуваа на протести и маршови, не посетуваа часови, а дел од нив и поставуваа шатори пред Министерството за образование и наука.  Медиумите тогаш известуваа дека децата се злоупотребуваат во политички цели.
Аргументот тогаш беше дека е премногу тешко да се учи математика. Средношколскиот Пленум сметаа дека не им е потребна многу математика ако изучуваат општествени науки во натамошното образование.
Очигледно дека СДСМ одлично ги изманипулира учениците за ситни поени, преку Средношколски Пленум. Ако СДСМ дојде на власт, според плановите на Радмила Шекеринска, учениците ќе мораат да изучуваат и повеќе математика и повеќе странски јазици.
Отворено се прашуваме дали сега Средношколски Пленум кои тогаш беа искористени за протести, ќе излезат на улица против СДСМ, ќе бојкотираат настава и за тоа ќе добијат поддршка од своите ротители и наставници, како пред година дена?
Дали овојпат ќе видиме шатори пред СДСМ или пред некој од становите на Радмила Шекеринска, како што тоа го направија пред МОН?-Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование, а фокусот ќе го ставиме на математичките и на јазичнит

Пронајдете не на следниве мрежи: