Дали сте меѓу нив? 10 видови двојки на кои треба да им се одземе правото за користење на Фејсбук

Парови на Фејсбук, порака за вас: на сите ни е јасно дека сте заљубени, затоа можете да престанете да не затрупувате со глупости врзани со вашата љубов. За да им се одмаздиме, направена е листа со 10 најиритантни типови двојки на Фејсбук.1. Кој кого повеќе сака? Романтично натпреварување преку Фејсбук
– Те сакам!
-Јас те сакам повеќе!
– Не, јас тебе те сакам најмногу!
– Не, јас тебе…

2. Објавување несоодветни фотографии
Не знаеме кого го интересира да го гледа пријателот како страсно се љуби со партнерот, но оној кој го интересираат такви работи, си отвара сајт кој е соодветен за такви работи. Совет: Немојте!

3. Мила, нема потреба да разговараме, пиши ми на ѕид
Ваквиот начин на комуникација ги збиунува луѓето, а за паровите е сосема нормално. Одвикнете се од тоа…

4. Парови кои делат еден профил
Без коментар!

5. Љубовно лудило кое неможат да го прикријат
Кога ќе се заљубат, луѓето полудуваат, и тоа ни е познато. Но, зошто да го делиме тоа лудило и како епидемија да го шириме по социјалните мрежи? Непријатно е, неумешно и сосема непотребно.

6. Љубовта ја намалува IQ
Веќе спомнавме дека од љубов луѓето полудуваат. Заборавивме да кажеме дека и глупавеат. А кога ќе станат глупави, тоа го споделуваат и на Фејсбук.

7. Непримерни запоросувања не се романтични
На оние на кои запросувањето преку фејсбук им е романтично имаат сериозни проблеми, и сериозен проблем со лош вкус. Како на пример на сликата:

8. Немојте да носите исти маици, дури и да носите, не ги прикачувајте на Фејсбук
Вакво нешто е навистина бедно да се прави во реалниот живот. Ако веќе така се чувствувате не го пренесувајте тоа и на вашиот Фејсбук профил, бидејќи ќе им здосадите на останатите корисници.

9. Ајде да се тетовираме после еден месец врска. И фотката да ја закачиме на Фејсбук.
Кога си млад и луд се ти е дозволено. Затоа, тетовирајте го  името на партнерот со кој сте месец дена во врска, слободно. Но немојте тоа да го прикачувате на Фејсбук, бидејќи ќе завршите во оваа рубрика.

10. Оооо, колку е тоа слатко, да го споделиме со целиот свет
Не само што на овој начин сеоткрива голем дел од интимата, кој би можел да биде зачуван од туѓи погледи, но постои голема веројатност она што вам ви е слатко, на другите да им е одвратно.
1. Кој кого повеќе сака? Романтично натпреварување преку Фејсбук
– Те сакам!
-Јас те сакам повеќе!
– Не, ј

Пронајдете не на следниве мрежи: