Дали сте на правиот пат? Овие пет прашања МОРАТЕ да си ги поставите во животот!

Експертите за личен развој велат дека постои начин да откриете колку сте задоволни со својот живот.Една од нив, Британката Сара Џонс, направи листа од пет прашања, кои секој треба да си ги постави себе и да дознае дали треба нешто да смени.
-Која е вашата страст? За вистински да се познавате себе, треба да знаете која е вашата причина и страст, а потоа да ги употребите за да направите нешто добро на овој свет.
-Што ве прави среќен/на? Кога сме среќни, имаме желба и волја да ги остваруваме своите животни цели, но и да им помагаме на другите луѓе. Среќата е чувство заради кое чувствуваме дека се треба да биде како што треба да биде и заради кое чувствуваме внатрешен мир.
-Дали некогаш сте се разбудиле со насмевка? Насмевката е составен дел од здравиот живот. Таа е и израз, но и двигател на чувството на задоволство. Некогаш е доволно и да се помисли на сите работи што не прават среќни, за денот да го започнеме со насмевка. Освен тоа, насмевката е и заразна. Ретко кој не возвраќа на насмевка со насмевка.
-Дали за вас чашата е полуполна или полупразна? Што сметате дека е среќа во животот? Среќен живот е преживувањето на секој ден со прифаќање, благодарност и оптимизам.
-кога последен пат плачевте? После солзите човек главно се чувствува растеретено и прочистено од негативните мисли. Солзите ни помагаат да ги дешифрираме сопствените чувства, тогаш кога не можеме да ги опишеме со зборови. Кога плачеме, се ослободуваме од емоционалниот товар и тоа е знак дека здраво ги решаваме проблемите.Една од нив, Британката Сара Џонс, направи листа од пет прашања, кои секој треба да си ги постави себе и да дознае дали треба нешто да смени.

Пронајдете не на следниве мрежи: