Дали страдате од Фејсбук љубомора и колку опасна е таа?

Пред неколку години зарем ќе помислевте дека е можно човек да љубомори поради појавата на нови технологии? Се сомневаме.Но, факт е дека во денешно време доста парови се љубоморни поради интернетот и главно поради социјалната мрежа Фејсбук. Мажите постојано прават забелешки на партнерките за фотографиите што ги објавуваат, девојките пак се лутат кога нивниот сакан коментира слика на некоја друга.
Тоа е достојно за скандал според претставничките на понежниот пол.
Социјалните мрежи дефинитивно ни даваат можност да комуницираме со доста луѓе.
Токму можноста од контакти со познаници и пријатели буди љубомора кај некои луѓе, особено кај оние кои имаат ниско самопочитување. Еднаш откако некој одлучил дека го лажат и има друг во животот на партнерот, започнува едно истражување во профилот на саканиот / саканата, следење на комуникациите, внимателно прегледување на новите настани итн.
Сепак, тој / таа мисли дека го лажат, затоа е прашање на време да се најдат потребните докази. А кога тие недостасуваат, погодената страна почнува да ги измислува, да ги искривува работите за да може да ги поддржи со нешто, макар и малку, своите зборови и глупави претпоставки. Насмевка или прегратка не е пријателски гест, туку тој / таа смета дека тоа е дел од флерт.
Како што веќе рековме, кога човек ќе си науми нешто такво, нема како да го обесхрабрите дека не е во право, што и да правите, колку и да ви е чиста совеста. Кога човек му верува на партнерот, неговиот живот е убав, тој умее да се радува на мали нешта итн. Но, во одредени моменти тоа спокојство и среќа недостасуваат. Уште со станувањето, љубоморниот партнер влегува во профилот на својот саканата личност за да бара докази дека има трет човек во нивните односи.
Според неодамна направени студии, колку љубоморен е еден човек, толку повеќе „виси“ на интернет, особено на профилот од саканата личност. Може да е интересно, весело и забавно на интернет и да сакаме да го одржуваме профилот на Фејсбук, но е факт дека социјалните мрежи влијаат сериозно врз личниот живот. Кај некои луѓе тоа не е проблем, но кај луѓто со ниска самодоверба дефинитивно им е тешко со толку многу нови и напредни технологии.Но, факт е дека во денешно време доста парови се љубоморни поради интернетот и главно поради социјалната мрежа Фејсбук. Мажите постојано прават заб

Пронајдете не на следниве мрежи: