Дали судијата Иван Џолев свесно застарувал предмети?

Советот за утврдување факти денеска не можеше да одлучи по новата претставка поднесена од Антикорупциска за работењето на судијата од кривичниот суд Иван Џолев.Дали судијата од кривичниот суд Иван Џолев повеќе пати направил повреда на законските процедури при постапување како судија и не ги почитувал роковите? Дали се огласувал за ненадлежен по предмети на Антикорупциска и АЕК и придонел да застарат постапките? Дали Џолев како судија работел стручно и совесно или пак прекинувал постапки, за тие да завршат во архива и да застарат? Советот за утврдување факти денеска не можеше да одлучи по новата претставка поднесена од Антикорупциска за работењето на судијата од кривичниот суд Иван Џолев. Неговиот адвокат го извести претседателот на Советот Јордан Лазаров дека кривично го пријавил бидејќи ја злоупотребил функцијата и сега закажал седница за утврдување на работењето на судијата, пренесува Алфа ТВ.
-Ние сметаме дека е повреден на еден груб начин законот за Советот кој што утврдува факти за одговорност на судии при што не е почитуван рокот за поведување постапка за утврдување на факти и сметаме дека тоа се прави намерно, да не кажам злонамерно. Многу индикативно е што ова постапка се води сега паралелно со ова постапка има и постапка за избор на претседател на судот – изјави Стеван Павлески, адвокат на судијата Џолев.
Лазаров ја прекина седницата и се додека нема одлука на обвинителството за кривичната против него, седницата каде треба да се оценува работењето на судијата Џолев нема да продолжи. Претставката за работата на Џолев е поднесена во 2014 та година, според неговиот адвокат седницата требало да биде закажана најдоцна за 6 месеци, а не после 3 години.Дали судијата од кривичниот суд Иван Џолев повеќе пати направил повреда на законските процедури при постапување како судија и не ги почитувал роков

Пронајдете не на следниве мрежи: