Дали убавината и интелектот одат заедно?!

Дали убавината и интелектот одат рака под рака  – едно од најинтригантните прашања на денешното време!Замислете дека сте почестени да присуствувате на едно случување од светски ранг и таму се појавувате во никогаш поубаво издание, но токму господинот кој ве опсипа со комплименти за идеалниот фустан, ви пристапи и со прашањето „А што мислите за Шекспир?“.
Останати со подзината уста, си ветувате на самите себе си дека од утре задолжително ќе се зачлените бо библиотека и ќе почнете да истражувате не само за литературата, туку максимално ќе се посветите на интелекот. Добро се сеќавате дека тоа го немате направено уште од студенските денови!
Енциклопедиите бараат денови и ноќи, но затоа постојат многу поеднаставни методи кои имаат ефективност пред се поради тоа што се поврзани со масовните еднообразни информации кои можат многу да ви помогнат во проширувањето на хоризоните на секојдневната комуникација.

 
Еве ги 5- те топ совети за развој на вашиот интелект!
1. Решавајте крстозбори
Логичките задачи се одличен тренинг за мозокот кој е еластичен орган кому му е потребен тренинг, а барањето на одговори е одличен начин за тоа.
2. Наспијте се
Недостатокот на сон негативно се одразува на нивото на интелект. Додадете барем еден час повеќе кон постојаниот сон и ќе ја почувствувате подготвеноста за решавање на интелектуалните дилеми.
3. Гледајте ТВ
Телевизијата како медиум е еден од најголемите учители. Посебно внимание обрнете на обрзаовно – информативните емисии и квизови на знаење.
4. Консумирајте храна богата со јод
Недостигот на јод во органзимот предизвикува проблеми со штитната жлезда и мозокот, додека пак доволните количини на истиот ги откриваат резервните способности на мозокот и ја зголемуваат работоспособноста.
5. Изберете посилен противник
Станува збор за древното правило од играта шах кое е актуелно до ден денес. Комуницирајте со луѓе кои имаат широки познавања од повеќе области при што ќе научите многу нови факти. Не плашете се да ги прашате за нешто што сте виделе и дознале, така ќе дознаете уште повеќе!
Х.Н.
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: