четврток, 26 ноември 2026
Најново

ДАЛИ ВИ НАЛИКУВА НА НЕКОГО: Потрошил илјадници евра за да изгледа како својот идол!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не претставува никакво чудо дека најдобриот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо, има милиони обожаватели ширум светот. Но, вљубеноста во ликот и делото на ѕвездата на Реал Мадрид знае да ги премине границите на нормалата.Таков пример е еден 17-годишен Данец, кој е подготвен да направи баш сѐ за да личи на својот идол. Тоа ја вклучува и промената на презимето, па така данскиот тинејџер денес се вика Шанта Роналдо!
„Мојата опседнатост со Кристијано Роналдо е огромна. Немам поим колку пари потрошив за да наликувам на него, но дефинитивно се работи за илјадници евра“ – признал Шанта.
„Го сретнав Роналдо неколку пати и не можам да опишам за каква сјајна личност станува збор. Со денови чекав во тренинг-центарот на Реал од 9 до 14 часот, само за да го видам. Сега ме познава и секој пат кога ќе дојдам во Мадрид, можам да се сретнам со него на што сум многу горд“.

Шанта додава:
„Тој не е само моја страст, тој ме мотивира. Сите мои пријатели и членови од семејството ме викаат Кристијано Роналдо. Ја знаат мојата страст и го почитуваат мојот избор. Некои можеби мислат дека сум луд, но таков сум. Луѓето ми велат да бидам свој, но не можам повеќе да бидам свој одошто сега“ – заклучил Шанта.

#FF to one the most important persons in my life, @Cristiano. I can't describe how much I love you, idol. pic.twitter.com/MYIIblv2Zo
— Shanta Ronaldo (@ShantaRonaldo) January 10, 2014
 Таков пример е еден 17-годишен Данец, кој е подготвен да направи баш сѐ за да личи на својот идол. Тоа ја вклучува и промената на презимето, па так

Поврзани вести