Дали знаете кои се вистинските имиња на македонските рапери и диџеи?

Во „именикот“ на домашната музика се запишани само малку вакви случаи кои се пред сѐ од хипхоп-сцената, а како најзвучни од нив се издвојуваат Тони Зен (Тони Петковски), Слаткаристика (Марко Маринковиќ), ЛД Пистолеро (Владимир Пешев) и други, пишува Нова Македонија.- Користењето на друго име на сцената го правам затоа што јас таму сум друг човек и не сум истиот од секојдневниот живот. Моето вистинско име е Тони Петковски, но на сцената јас сум Тони Зен. Тоа всушност е моето музичко алтер его и така ме знаат сите. Не водам двоен живот, но различен сум кога сум на сцена – вели за весникот нашиот познат рапер.И домашните диџеи не заостануваат многу во однос на уметничките имиња кои ги користат на настапите. Меѓу нив е и диџеј Панчо, познат уште и како диџеј Шорти Пи, кој во приватниот живот е Владимир Блажев. Еден од постарите диџеи, Љупчо Петрески, е човекот кој се крие зад псевдонимот Бабура, а неговиот колега Кирил Зарлинов пушта музика под името Ерик Фокс. Всушност, неговото диџејско име е наопаку прочитано неговото вистинско име  (Кире – Ерик).
Покрај раперите од помладата генерација има и постари музичари со прекари, како што е Џинас Папас Џокси, некогашниот пејач на „Макакус“, на кого во личната карта му пишува Ѓорѓе Васиќ.Повеќе на TZM.MK- Користењето на друго име на сцената го правам затоа што јас таму сум друг човек и не сум истиот од секојдневниот жив

Пронајдете не на следниве мрежи: