ДАЛИ ЗНАЕВТЕ: Еве зошто токму овие имиња се одбрани за новата принцеза!

Кенсингтон Палатата, која претставува службена резиденција на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, по официјалното известување за името на новородената британска принцеза, Шарлот од Кембриџ, одби да даде попрецизни детали за изборот на имињата.Второто дете на Вилијам и неговата сопруга Кетрин, родено на 2 мај годинава во лондонската болница „Квин Мери“, го доби името Шарлот Елизабет Дијана.
Медиумите побараа од Кенсингтонската Палата да објасни зашто се одбрани токму женски имиња, но од таму добија кусо објаснување дека „сите три имиња доволно зборуваат самите за себе“.
Шарлот е женска верзија на машкото име Чарлс, а тоа е често име во историјата на британските, а пред тоа и англиските кралеви. Актуелниот британски престолонаследник Чарлс, дедото на новороденото кралско бебе, е последниот кој го носи ова кралско име.
Елизабет е името на британската кралица, а тоа име го носеше и нејзината покојна мајка, а тоа е името и на една од најголемите монарси во историјата на земјата, кралицата Елизабета Прва – ќерката на англискиот крал Хенри Осми, од бракот со неговата втора сопруга Ана Болен.
Во Лондон се верува дека третото име Дијана е додадено во чест на мајката на војводата од Кембриџ, покојната принцеза Дијана.
Инаку, името Шарлот е поврзано и со семејството на Кејт Мидлтон, затоа што тоа е второто име на сестрата на војвотката од Кембриџ, Филипа (Пипа).Второто дете на Вилијам и неговата сопруга Кетрин, родено на 2 мај годинава во лондонската болница „Квин Мери“, го доби името Шарлот Ел

Пронајдете не на следниве мрежи: