Данев: Зоран Заев и СДСМ мора да ја сфатат сериозната закана за Македонија која постои од Тиранската Платформа

Loading...

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ со ставање на маса и со тргувањето со највисоките државни и национални интереси ја отворија пандорината кутија, истакна на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.Почнаа да се нижат срамните антимакедонски изјави кои директно задираат во единството на националното ткиво.
Трифун Костовски подло и недолично ги навреди и понижи Македонците со потекло од Егејска Македонија, спорејќи им го правото да застанат во одбрана на државните и национални интереси.
Неговата изјава доаѓа во ист момент со изјавата на албанската пратеничка Месила Дода. Таа му порача на Зоран Заев дека доколку се повлече од Тиранската Платформа ќе се собереле сеалбанските политички сили за да помогнат да се одржел референдум за Илирида.
Неколку денови претходно, соработници на расколникот Зоран Вранишковски побараа од Заев да отворел истрага против македонската православна црква и да ја забрани.
Врв на сите овие напади врз највисоките државни и национални интереси беа настапите на главниот реформатор во тиранската влада што сака да ја формира Заев и негов партнер во настапите пред албанската дијаспора, Зијадин Села. Тој го оспори и негираше македонскиот идентитет со тврдење дека не сме постоеле пред 100 години.
Ова однесување е срамно, недостојно и мора да запре.
Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да ја сфатат сериозната закана за Македонија која постои од Тиранската Платформа.
Зоран Заев и СДСМ колку и да се уценети за своите криминали треба да застанат зад унитарна и мултиетничка Македонија, а не да најавуваат дебати и експертизи на партиски експерти за точките од Платформата.
Излезот од ова е јасен. Зоран Заев јавно да се откаже од Тиранската Платформа и намерата да формира Тиранска Влада под диктат на политички точки пишувани во странска држава. Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ ќе му ја даде поддршката за Влада која тој ќе ја состави и води.
Второто излезно решение се предвремени парламентарни избори заедно со локалните на кои граѓаните ќе се произнесат што мислат и за Тиранската Платформа, а не да бидат постизборно измамени со етнички платформи кои ја разнебитуваат државата и го уништуваат мултиетничкиот карактер на македонското општество, претварајќи ја Македонија во бинационална држава.Почнаа да се нижат срамните антимакедонски изјави кои директно задираат во единството на националното ткиво.
Трифун Костовски подло и недол

loading...