четврток, 12 ноември 2026
Најново

Даниел Георгиевски УСПЕА, доколку влезе и Ибра, Македонија ќе има тројца претставници во Лигата на Шампионите!!!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Горан Пандев со својот Наполи веќе е пласиран во групната фаза на Лигата на Шампионите, за влез во ова натпреварување се избори и Даниел Георгиевски со романска Стеауа, додека пак вечерва со почеток од 20,45 часот, за влез во ова натпреварување ќе се бори Агим Ибраими со својот Марибор.Македонскиот интернационалец од редовите на романска Стеауа, се избори да со својот тим биде дел од елитното натпреварување, Лигата на Шампионите.
Даниел Георгиевски го одигра целиот натпревар на реваншот со полска Легија, а во 34-тата минута од мечот заработи жолт картон.
Вечерва со почеток од 20,45 часот, нашиот интернационалец од редовите на словенечки Марибор, Агим Ибраими, ќе брка негатива од првиот меч со чешки Викторија Плзен од 1-3.
Вчерашни натпревари (во заграда вкупниот резултат од двата натпревари):
Австрија Виена-Динамо Загреб 2:3 (4:3)
Базел-Лудогорец 2:0 (6:2)
Легија Варшава-Стеауа Букурешт 2:2 (3:3)
ПАОК-Шалке 2:3 (3:4)
Арсенал-Фенербахче 2:0 (5:0)
Вечерашни натпревари (во заграда резултатот од првиот натпревар):
Зенит-Пакош Фереира (1:4)
Марибор-Викторија Плзен (3:1)
Селтик-Шахтјор Караганди (2:0)
Реал Сосиедад-Олимпик Лион (0:2)
Милан-ПСВ (1:1)Македонскиот интернационалец од редовите на романска Стеауа, се избори да со својот тим биде дел од елитното натпревар

Поврзани вести