Даниел Кајмаковски незадоволен од последниот настап: „Можеби можеше поинаку“

На последниот настап, Даниел не ги воодушеви ниту членовите од жирито, ниту самиот себе.Жељко рече дека Даниел беше далеку од оној потенцијален победник на Х-фактор кој го истакна Кристина Ковач на првата аудиција.
Веројатно немаше доволно простор да се изрази во настап со толку силни машки вокали.
Она кое зачудува е дека сепак се очекуваше да отпее многу подобро, со оглед на тоа што пееше рефрен на „По тебе“ од Тоше Проески.
Тремата и возбудата си го направија своето, но Даниел има исклучително моќен глас, харизма.
Тој е сепак приземен, реален и скромен, па своето незадоволство го искажа и на неговата фан страница на Фејсбук.

Го постави видеото од настапот и истакна дека можело да биде многу подобро, но дека е среќен што продолжува понатаму и што најстрогиот член од жирито, Жељко Јоксимовиќ е ментор на неговата група, кандидати над 27 години.
Оваа негова изјава е топло прифатена од скоро 1500 фанови, на кои им се допаднал овој гест. Меѓу другото, Даниел станува сè попопуларен и секојдневно има сè повеќе фанови, а неговата фан страница брои речиси 30.000 фанови од цел Балкан.Жељко рече дека Даниел беше далеку од оној потенцијален победник на Х-фактор кој го истакна Кристина Ковач на првата аудиција.
Веројатно не

Пронајдете не на следниве мрежи: