Победникот на првиот „X Фактор“ на Балканот, откри дали ќе го промени местото на живеење, што мисли за тоа што го споредуваат со Тоше Проески и дали има девојка.Даниел Кајмакоски, глас кој од почетокот на музичкото шоу ветува, непосредно пред супер финалето изјави дека нема трема, меѓутоа, кога беше прогласен за победник, овој искрен Македонец не успеа, (ниту пак сакаше!) да ги скрие солзите.
Додека новинарките му додаваа марамчиња, Даниел во исто време се смееше и трпеливо одговараше на прашањата.
Многумина ги интересираше дали Кајмакоски ќе се пресели во главниот град на Србија, со цел да биде во центарот на случувањата.
„Имам план да се преселам од Виена во Белград, затоа што така ќе бидам помобилен, поради честите патувања во Скопје и во Македонија воопшто“, рече победникот на „X Фактор“.
Иако прославата на неговата победа, можело буквално да се почувствува по ходниците на Арената во Белград, Кајмакоски имал идеја да ја прослави победата со сите натпреварувачи на ова шоу, кога прашина малку ќе слегне.
„Се надевам дека сите ќе дојдат, бидејќи сакам да ги видам сите заедно. Сакам таму да бидат и моето семејство и моите пријатели“, рекол Даниел, а во моментот кога ја споменал својата мајка, повторно му се насолзиле очите.
„Таа даде сè за мене и моите браќа. Постариот е успешен, веќе направи кариера, а помладиот е многу интелигентен и добар во училиште. Мајка ми секогаш за мене велеше дека сум „птица – скитница“ и конечно можам да кажам дека ја усреќив, бидејќи го најдов својот пат“, рекол Даниел низ солзи.
Иако го „оди својот пат“, често српските медиуми го нарекуваа „новиот Тоше“ . Даниел вели дека е голема чест за него, но тој никогаш нема да биде она што беше Тоше.
„Тој секогаш ќе биде Тоше, а јас секогаш Даниел“, изјави Кајмакоски.
Едно им е сигурно заедничко, покрај добриот глас, хуманоста да им помогнат на оние кои им е најпотребна.
„Целиот живот луѓето ме фалат, но јас никогаш не сум имал конкретна поддршка и затоа сакам да отворам училиште за таленти, затоа што Балканот е полн со таленти и сакам да им помогнам на оние кои имаат потреба“, вели Даниел.
Поради тоа што е посветен на работата и музиката, вели дека голем дел од своето време посветил за себе и тоа е причината зошто се уште не нашол девојка.
Кајмакоски планира да соработува со неговиот ментор, а не се грижи за приказните дека талентите кои победуваат во натпревари од овој тип „пропаѓаат“, туку вели дека има намера да ја „промени оваа теорија и дека ќе даде се од себе да продолжи оваа бајка“.Даниел Кајмакоски, глас кој од почетокот на музичкото шоу ветува, непосредно пред супер финалето изјави дека нема трема, меѓутоа, кога беше проглас



