Пејачката успеала да ослабне 30 килограми и да ја врати линијата од пред три години. Вели дека покрај проблемите со штитната жлезда тешко се борела и со вишокот килограми,но и со психички проблеми.„Сега добивам комплименти и од жени и од мажи. Им објаснувам на луѓето дека сега сум друга личност и дека главно здравствените проблеми се виновни што во еден момент станав жена слон. Тешко ми е да опишам како се чувствував, дека бев во катастрофална ситуација, страшно несреќна. Верувајте килограмите се најмалку важни, важна е психата. А мене не ми беше добро, чувствував тегоба, како да бев во зтвор. Одрекувањето од храната беше најмал проблем, колку што ми беа тешки мислите“, раскажува Даниела.
Проблемите со килограмите кои многу тешко и паднале всушност биле последица од лошата работа на штитнта жлезда.
„Не се поднесував самата себе си, а замислете како ми беше да треба да излезам меѓу луѓето. Се натрупуваа проблеми и ми делуваше како да да сум во безизлезна ситуација. Најважна е поддршката и желбата да се продолжи понатаму. Не знаете што се можат да ви донесат проблемите со штитната жлезда, мене ми подготвија пекол. За среќа, излегов како победник бидејќи докторот ми ја погоди терапијата. Со помош на теретаната и регулација на исхраната моите проблеми почнаа да се решаваат, еден по еден“, раскажува таа.
Пејачката вели дека од неодамна учи да јава за потребите за новиот спот, во кој ќе вложи многу пари.
„Добив коњ на подарок и сега учам да јавам. Снимам спот со Андреј Клезиќ, згоден Црногорец со кој ме поврзуваа и претходно. Ќе бидам во фустан долг 4 метри, но нема да изнесам повеќе детали“, раскажала пејачката.„Сега добивам комплименти и од жени и од мажи. Им објаснувам на луѓето дека сега сум друга личност и дека главно здравствените проблеми се ви



