Danone укинува 900 работни места во Европа

Француската прехранбена компанија Danone извести во вторникот дека ќе укине 900 работни места во Европа, поради планираниот пад на продажбата под притисок на рецесијата.

Производителот на јогуртот Activia и флашираната вода Evian објави дека приходите во минатата година му изнесувале 20,1 милијарди евра, што значи дека биле зголемени за 5,4 отсто во однос на претходната година.Компанијата во Европа забележала пад на продажбата за три отсто поради „силното влошување“ на побарувачката. Оттука е најавен планот за намалување на трошоците, во чии рамки ќе бидат укинати 900 работни места во управата и на челните позиции во 26 европски држави.„За нас 2013 ќе биде година на транзиција, со интензивен развој на пазарите на кои бележиме раст и настојување да го зајакнеме работењето во Европа“, истакна во соопштението претседателот на управата и извршниот директор Франк Рибу.Најголемиот производител на јогурти на светот очекува во 2013 година пад на маржата, со оглед на намалената побарувачка и трвдокорните високи цени на сировините.
Макфакс
Француската прехранбена компанија Danone извести во вторникот дека ќе укине 900 работни места

Пронајдете не на следниве мрежи: