Дарко Лазиќ ја извади бурмата

Пејачот Дарко Лазиќ, кој неодамна се ожени, веќе ја извади својата бурма. Причината е, како што вели, виша сила.„Ослабев и прстенот ми стана голем. Затоа го извадив, иако сите се шалат на моја сметка дека сум го извадил за да сокријам дека сум во брак, што е глупост. Сите знаат дека сум зафатен“, вели во смеа Дарко.
Доадава дека проблемот наскоро ќе се реши.
„Планирам да го однесам прстенот во златара и да го смалам. Можам да ви кажам од сопствено искуство дека мажите со бурми се многу посакувани, да не кажам фатални. Има нешто во тој прстен што го привлекува спротивниот пол“, вели Лазиќ.
На прашањето дали веќе имал искоство од тој тип, Дарко вели:
„Не, таман работа. Па јас сум сериозен и оженет човек. Имам дете. Но имам и искуство. Од 14 години пејам во кафани. Второ, се оженив со седум години постара жена па созреав“, се нашалил Дарко.„Ослабев и прстенот ми стана голем. Затоа го извадив, иако сите се шалат на моја сметка дека сум го извадил за да сокријам дека сум во брак,

Пронајдете не на следниве мрежи: