ДАРМ: Демант на дезинформациите што се пласираат низ медиумите и порталите на СДСМ и СОРОС

Државниот архив на Република Македонија ги демантира дезинформациите кои се пласираат низ медиумите и порталите на СДСМ и СОРОС за стариот објект на Државниот архив на РМ. Тврдиме дека тие се класичен атак и спин од страна на соросоидите и структурите на СДСМ, а потекнуваат од внатрешни левичарски комунистички остатоци од пропаднатиот режим од Институтот за национална историја.Стариот објект во кој беше сместен Државниот архив на РМ, откако се пресели во палатата ''Александар Македонски'' и таму се наоѓа веќе 3 години, официјално со имотен лист му припаѓа на Јавното обвинителство. Според тоа, овие
дезинформации ги отфрламе во целост и ги повикуваме сите заинтересирани да нè посетат на кеј Димитар Влахов 19 и да се уверат во какви услови се чуваат материјалите и како работат вработените во оваа институција.
Кодошките структури од Институтот за национална историја ги повикуваме
наместо со дневна политика да почнат да се занимаваат со наука, за што се платени.
 
 Стариот објект во кој беше сместен Државниот архив на РМ, откако се пресели во палатата ''Александар Македонски'' и таму се наоѓа веќе 3

Пронајдете не на следниве мрежи: