Даштевски: Не е потребен специјален суд, потребно е да се смени составот на СЈО!

Како што слушнавме на 27 јуни 2016 година и од претставниците што преговараат за надминување на проблемите со цел решавање на политичката криза и одржување на изборите, вели проф. д-р Александар Даштевски, ни еден претставник од четирите политички партии не спомена таков предлог за формирање посебно одделение во судот Скопје 1, кој решава за предметите во прв степен.Даштевски: Изјавите на сите преговарачи беа дека се разговарало исклучително за избирачкиот список и за измените во Законот за медиуми. Што се однесува до шпекулациите што излегоа кај дел од порталите блиски до опозицијата, сметам дека не заслужуваат внимание. Договорот од Пржино е општо познат и достапен на интернет за целата јавност. Тој е исполнет во целост и останува само, во согласност со договореното, да се одржат веродостојни избори. Сметам дека и ова што се направи досега не е во согласност со Уставот, односно паралелен орган како СЈО никако не може да се смета за уставен, туку само како политички орган бидејќи е договорен меѓу четирите политички партии, кои поради брзање не ја земале предвид околноста, дека таква можност е спротивна на Уставот на РМ. Сепак, тоа е ставено во договорот и веќе функционира. За какви било промени и барања што не се ставени во договорот и се противуставни, не треба да се разговара. Видовме дека тие само ја прошируваат политичката криза, а не ја решаваат. Тоа пред неколку месеци го изјави и еврокомесарот Јоханес Хан. Тој рече дека ЕУ сакала да помогне со посредувањето, но имал чувство дека придонела за влошување на состојбите.
Од друга страна, евидентно е дека СЈО прави политички прогон само на една политичка гарнитура, што е спротивно на Договорот од Пржино. Таков прогон се покажа како исклучително непродуктивен и незаконски, но поголем проблем е што нема капацитет да се соочи со состојбите што произлегуваат од прислушуваните разговори. Затоа јас предлагам, место да се предлагаат други тела за паралелна држава, која никому не му е во интерес, целосно или делумно да се смени составот на СЈО и да се донесат поквалитетни кадри, кои ќе се занимаваат со правни прашања, а не да прават стендап-конференции на кои ќе ја прекршуваат пресумпцијата на невиност. Се смениле многу функционери во државата, па зошто да не се сменат и дел од овие, ако се работи за иднината на државата.Даштевски: Изјавите на сите преговарачи беа дека се разговарало исклучително за избирачкиот список и за измените во Законот за медиуми. Што се одне

Пронајдете не на следниве мрежи: