Даштевски: Новата влада се надева на брз влез во НАТО под референцата БЈРМ

Професорот Александар Даштевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека Македонија не влезе во НАТО во 2008 година во Букурешт поради проблемот со името. Ова го потврди и неговиот соговорник Шпетим Љатифи кој изјави дека државата сите услови за влез во НАТО ги исполнила уште во 2008 година.Според  Даштевски новата влада се надева на брз влез во НАТО под референцата БЈРМ. Истото решение беше понудено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година и тогаш не беше прифатено од Грција. Тогаш Грција радикално ги промени своите ставови и бараше во решението воопшто да го нема зборот Македонија.
Тој изјави дека политичарите во Грција добиваат политички поени на два одредени проблеми. Број еден проблем во Грција е решавање на економската криза , а проблем број два е решавање на спорот со името. Според него во 2008 година Грчката Влада во очекување на економската криза и немање на решение за истата купувала политички поени на блокирање на Евроатланските интеграции на Република Македонија. Ставањето вето на членството на Македонија  во НАТО го продолжи векот на Владата на Папандреу.
Даштевски изјави дека Македонија е стратешки битна за НАТО бидејќи кој ја контролира Моравско-Вардарска долина го контролира Балканот. Поради тоа брз прием на Македонија во НАТО е исклучително важен. Грција мисли дека полесно ќе го реши проблемот со името со новата влада предводена од СДСМ.
Според  Даштевски новата влада се надева на брз влез во НАТО под референцата БЈРМ. Истото решение беше понудено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 20

Пронајдете не на следниве мрежи: