Џастин Бибер пуштен од притвор со кауција од 2.500 долари!

Тинејџерската поп ѕвезда Џастин Бибер е пуштен од притвор со кауција од 2.500 долари.Пејачот од притворот излегол во придружба на полицијата се качил на покрив од џип и им отпоздравувал на обожавателите.
Полицијата во Мајами претходно објави дека 19-одишниот Џастин Бибер бил приведен во четвртокот рано наутро откако претходно безуспешно полициските патроли неколкупати се обиделе да го сопрат по уличната трка и дека бил позитивен на алкотестот.
Бибер во моментот на апсењето возел жолто „Lamborghini Gallardo”, со двојно поголема брзина од дозволената на булеварот. Овој автомобил чини околу 200 илјади американски долари и „стотка” постигнува за 3,9 секунди.
Весникот „The Miami Herald“ пишува дека членовите на обезбедувањето на Бибер во раните утрински часови со своите автомобили ги блокирале двата краја од улицата во резиденцијалниот дел на Мајами за да се одржи трката. Бибер се натпреварувал со возач на црвено „ferrari” кој исто така е уапсен. 
Апсењето на Бибер дојде само седум дена откако полицијата ја претресуваше неговата куќа во Лос Анџелес бидејќи со пријателите се забавувал гаѓајќи ја со јајца куќата на соседот. Бибер во овој случај ќе одговара за нанесување материјална штета, а еден од неговите пријатели при претресот беше приведен поради нелегално поседување кокаин.Пејачот од притворот излегол во придружба на полицијата се качил на покрив од џип и им отпоздравувал на обожавателите.
Полицијата во Мајами

Пронајдете не на следниве мрежи: