Де Роси наскоро во Челзи?

Англиските медиуми шпекулираат дека старо-новиот тренер на англискиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, би сакал да во своите редови го види фудбалерот од средниот ред на калчолигашот Рома и италијанската репрезентација Даниеле Де Роси.
Според неофицијалните информации, Роман Абрамович нема да прави никакви проблеми околу цената што би ја одредила екипата на Рома, се претпоставува дека единствено прашање е дали Де Роси би сакал да ја напушти Рома, со оглед на неговата огромна поврзаност со навивачите на овој тим, токму тие го сметаат за наследник на Франческо Тоти.
Челзи и Рома преговараат околу трансферот на Де Роси, се претпоставува дека Мурињо како прва мета го има обележано токму овој фудбалер кој сака да го види во Челзи по секоја цена.
Англиските медиуми пренесуваат дека договорот е мошне близу и дека Челзи би можел да го ангажираат Де Роси за 11 милиони фунти, Де Роси наводно би добивал неделна плата од околу 110 000 фунти.Англиските медиуми шпекулираат дека старо-новиот тренер на англискиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, би сакал да во

Пронајдете не на следниве мрежи: