петок, 13 ноември 2026
Најново

Дебакл на Лацио во Сиена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фудбалерите на Сиена убедливо го поразија Лацио со 3:0 во последниот натпревар од 25.коло во Серија А.

Предводник на Сиена во победата беше Емегхара кој постигна два гола, во седмата и 61.минута, а еден гол даде Розина во 23.минута. Сиена со оваа победа успеа да побегне од последното место во лигата, на кое сега се наоѓа Палермо. Лацио со 44 бодови остана на делба на третата позиција заедно со Милан. Лацио во следното коло ќе ја пречека Пескара, а Сиена ќе му гостува на Јувентус.
Макфакс
Фудбалерите на Сиена убедливо го поразија Лацио со 3:0 во последниот натпревар од 25.коло во С

Поврзани вести