Деца од семејства со социјален ризик од Кичево и годинава ќе летуваат бесплатно

Центарот за социјална работа во Кичево во координација со Министерството за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.Референтот во Центарот за социјална работа во Кичево Ариан Имери информира дека услугата можат да ја користат сите деца од социјално загрозени семејства родени во периодот од 2001 до 2006 година, или деца редовни ученици кои во учебната 2015/16 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо или деветто одделение, но и деца корисници на посебен додаток до 26 години.
Услуга ќе се користи во текот на летниот распуст во период од седум дена во некои од летните туристички центри. За користење на бесплатен одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до нашиот центар и тоа најкасно до понеделник истакна Имери.
По објавениот повик и кога ќе заврши рокот за пријавување сите лица кои ќе бидат добитници ќе бидат на време информирани од Општинскиот Центар за социјални работи во Кичево.Референтот во Центарот за социјална работа во Кичево Ариан Имери информира дека услугата можат да ја користат сите деца од социјално загрозени семе

Пронајдете не на следниве мрежи: