Децата од Француско интернационално училиште ЕФИС готвеа за своите најблиски

Под мотото „И јас сум шеф“, децата од француското интернационално училиште уште еднаш ја одбележаа Неделата на вкусови во Public Room. Овој викенд посветен на вкусовите на планетата земја, тие самите приготвуваа оброци и беа вистински готвачи, а сето тоа под пријателски и професонален надзор на Шеф Марк.На децата им беше овозможема целосна слобода и креативност во изборот на национална кујна или на специјалитетот. Преку самиот процес на приготвување храна, активност и интерактивни работилници децата се запознаваа и со карактеристиките на секоја од националните или специфичните кујни и вештини на готвење.
„Одбележувањето на Неделата на вкусови стана дел од нашите редовни активности токму заради фактот што тука се сублимираат сите вредности и позитивни аспекти за кои како интернационално училиште се залагаме. Преку секоја активност ја поттикнуваме креативноста, независноста и автономијата на секое дете како индивидуа, а воедно ги едуцираме за останатите глобални вредности и поединости. Храната и светот на вкусовите е само една алатка, како да им го пренесеме космополитскиот дух“, изјави Себастијан Шевале, директор на ЕФИС.
Неделата на вкусот првпат се појавува како настан на 15 октомври 1990 година во Франција на иницијатива на 350 познати француски готвачи кои креираат работилници во основните училишта во Париз. Од 1994 Неделата на вкусот како настан се одржува насекаде во Франција, училишта, градинки, детски клиники, ресторани, хотели.На децата им беше овозможема целосна слобода и креативност во изборот на национална кујна или на специјалитетот. Преку самиот процес на приготвувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: