Децата пред се: Кејт Мидлтон прекинала традиција долга 115 години!

Кејт Мидлтон на денот на Св Патрик ја прекинала традицијата  долга 115 години, а сите многу добро знаеме колку на кралското семејство, и воопшто на сите кои  живеат на Островот, му е важна токму  традицијатаДо сега таа традиција налагала на најголемиот ирски празник некоја од жените од кралското семејство да врачи букетчиња од детелини на ирските војници.
 Но, наместо неа, принцот Вилијам  им врачи 600 букетчиња од детелини на ирските војници.
Всушност, таа должност досега им припаѓала исклучиво само на припадниците на кралското семејство, но оваа година војвотката од Кембриџ одлучила денот да го мине со своите деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, наместо да присуствува на свеченоста. Токму затоа наместо неа, во касарните во западен Лондон таа должност ја преземал Вилијам, иако во последните четири години тоа го правела исклучиво Кејт.
На тој начин таа ја прекинала традицијата којашто ја започнала кралицата Александра уште во 1901 година. Тоа, меѓутоа, не му пречело воопшто на принцот Вилијам, кој бил видно расположен и којшто се шегувал со војниците и им посакал среќен празник.
„Војвотката од Кембриџ уживаше во текот на претходните прилики кога беше во можност да присуствува, но принцот како полковник се радува што ќе им ги врачи детелините на војниците. Војвотката се врати дома за да биде со своите деца, но им се радува на многуте одбележувања на Денот на Свети Патрик во иднина“, било наведено во официјалното соопштение.
Војниците, како што пишува британскиот магазин, имале разбирање за семејните обврски на Кејт, бидејќи следниот месец таа ќе оди со Вилијам на официјална турнеја во Индија и Бутан. До сега таа традиција налагала на најголемиот ирски празник некоја од жените од кралското семејство да врачи букетчиња од детелини на ирските војни

Пронајдете не на следниве мрежи: