Џеко може да си оди за најмалку 20 милиони евра

Loading...

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини конечно ја разреши дилемата со Един Џеко, според него репрезентативецот на Босна и Херцеговина може да замина од клубот за сума од најмалку 20 милиони евра.

Џеко е најдобриот стрелец на Манчестер Сити во Премиер лигата со 12 голови, но и покрај тоа тој е само трета опција во нападот на ’граѓаните’. Засега како најреална опција за следна дестинација на Џеко се споменува Бундес лигата, односно Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, иако во четвртокот тренерот на Дортмунд, Јирген Клоп истакна дека Џеко е прескап. „Един е многу важен играч за Сити. Во моментов не разговараме за трансфери бидејќи до крајот на сезоната има уште десет натпревари, но во јуни може се да се случи. Доколку некој побара да замине ќе ги разгледаме сите опции. Џеко е извонреден играч, во Италија би давал по 20 голови во сезона. Оној кој ќе сака да го донесе Џеко во своите редови ќе мора да плати 20 милиони евра, можеби и повеќе“, изјавил Манчини за „Sky Italia“. Џеко сезонава од 33 натпревар 18 започна од клупата за резерви, покрај 12-те голови во Премиер лигата има постигнато и еден во Лигата на шампиони. Голем интерес за услугите на напаѓачот на Сити има кај италијанските тимови Јувентус, Интер и Милан, но во моментов се чини дека најреален ќе биде трансферот во Интер. Јувентус веќе го договори Фернадо Љоренте, а во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Стеван Јоветиќ од Фиорентина, додека Милан веќе потроши многу пари со трансферот на Марио Балотели токму од Манчестер Сити.
Макфакс
Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини конечно ја разреши дилемата со Един Џеко, според

loading...