Делегација од Општина Грачаница ја посети Витаминка

Официјална делегација од Општина Грачаница, Косово беше на еднодневна посета во Витаминка. Целта на посетата беше проширување на потенцијалите за соработка меѓу најголемиот македонски производител на кондиторски производи и Општина Грачаница.Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета. Според раководството на Витаминка, средбата  е во насока на унапредување на соработката. Овој пазар важи за еден од најголемите извозни пазари за Витаминка, каде брендот Стоби Флипс е еден од најбараните странски брендови.

Косовската делегација беше предводена од заменик премиерот, Бранимир Стојановиќ, градоначалникот на Општина Грачаница, Владета Костиќ, како и неговиот заменик, Љубинко Караџиќ. Како дел од делегацијата беа и началникот на Косовскиот округ, Срѓан Петковиќ, правниот застапник на Општина Грачаница, Негован Шарановиќ, претставникот од приватниот сектор, Јовица Дешиќ и претставникот на компанијата во Косово „Витаминка Трејд“, Расим Мрлаку.
Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета. Според раково

Пронајдете не на следниве мрежи: