Десетици илјади протестирачи се организираат да демонстрираат поради инаугурацијата на Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател кој денес ја положува заклетвата и ја презема должноста. Групите кои ќе протестираат се добро организирани преку мрежа на невладини организации поддржани и платени од Џорџ Сорос, кој не само што ја поддржуваше Хилари Клинтон, туку и влезе во отворена војна со Трамп по неговиот избор.
Планирано е да тргнат од 12 појдовни точки во Вашингтон, после што ќе се спојат и со транспаренти, знаци, маршеви, говори и други пердорманси ќе се обидат да ја попречуваат или прекинат инаугурацијата на Доналд Трамп.
Една од најгласните групи Дисрапт Ј20 вели дека очекува повеќе од 30.000 луѓе да се појават на протестниот настан за кој соросовите невладини имаат организирано и големи бини со звучни ѕидови кои ќе треба да пречат за време на инаугурацијата.
Неодамна на интернет се појави и отворен повик/оглас за ангажман на платени протестирачи против Доналд Трамп. Во огласот од страна на „Деманд Протест“ движењето се нуди месечна надокнада од 2500 долари како и надомест од 50 долари на час, во зависност од степенот на учество на платениот протестирач на протестите против Трамп.
Деманд Протест е организација која за разлика од македонските платенички структури, не се срами јавно да признае дека за туѓи цели може да мобилизира група на млади луѓе преку плаќање и индоктринација/пропаганда за да протестираат за одредена цел.
„Наш врвен приоритет е да спречиме било каква поврзаност со нарачателот на протестот. Нашите оперативци контактираат само со нас и имаме докажано низ минатото дека ја зачувуваме тајноста на нарачателот“, велат од Деманд Протест.
Оваа група која ангажира протестирачи против Трамп за себе вели дека е збирштина на „стратези кои мобилизираат млади луѓе низ светот, креирајќи убедливи сценарија кои стануваат појдовни точки врз кои се прават масовни движења.
Слична организираност видовме и во Македонија преку платеничката т.н. „шарена револуција“ на СДСМ/Сорос. Американските случувања докажуваат нешто што повеќето и досега го знаеа – шарените платеници на СДСМ не се никаква авнагарда ниту се одликуваат со посебна инвентивност, туку делуваат по класична однапред утврдена шема. „No justice no peace“ (Нема правда, нема мир) е слоган кој е користен и порано во САД, но и токму сега на последните насилни протести на Сорос против новиот американски претседател.
Концептот на фрлање бои врз институции пак платениците на СДСМ и Сорос го украдоа од акциите во Сараево пред 11 години.
-Е ова е шарена револуција, сега почнува оваа шарена револуција, велат две млади лица на видеото снимено во септември 2006-та година, кои подготвуваат балони со боја, исто како и македонските “шарени револуционери“ , кои во јавноста се обидуваа нивната револуција да ја претстават како нешто уникатно, досега невидено, сплет на граѓанскиот активизам во Македонија.Групите кои ќе протестираат се добро организирани преку мрежа на невладини организации поддржани и платени од Џорџ Сорос, кој не само што ја поддрж



